Историја

Приказната за Шларафија почнува од 1934 година кога Ѓорѓе Вукасовиќ, тогаш 13- годишен белградски питомец отишол на едногодишно усовршување во Германија. Од саемот на нови технологии во Лајпцинг, амбициозниот Ѓорѓе во Белград ја донел технологијата за производство на јадро од жици и во дворот на семејната куќа на Чубура ја отворил првата занаетчиска работилница за производство на душеци на овие простори, и тоа само една година откако моќните Легет и Плат првпат ги започнале производството на овие јадра во светот. Ѓорѓе ја делел судбината на своите сограѓани и на својата земја. Морал да бега од непријателот во текот на Втората светска војна, но и да работи тајно во својата куќа кога повоените власти на претприемачите и занаетчиите гледале како на државни непријатели. И покрај бројните предизвици со текот на годините, амбициозниот и вреден Ѓорѓе не отстапувал од намерата рачно да произведува „најквалитетни душеци на нашите простори“ кои во себе соединуваат германска прецизност и квалитет, но и неговата огромна љубов кон работата, производството на душеците и луѓето.

Работната филозофија и страста кон работата на дедо Ѓорѓе ја продолжил неговиот внук, Дејан Капетановиќ, кој од 1999 година успешно ја води фирмата Шларафија. Шларафија денес претставува модерна семејна компанија која од дворот на Чубура се прошири речиси на цела Србија преку малопродажна мрежа на сопствени продавници и препорачани продавници кои продаваат опрема за спиење од врвен квалитет.