БИДЕТЕ ЗДРАВИ – СПИЈТЕ НА ШЛАРАФИЈА

Квалитетниот душек на кого спиете значајно влијае врз квалитетот на Вашиот сон, а со тоа и на Вашето здравје. Душекот може да биде Ваш сојузник и да Ви помогне по напорниот ден да го одморите Вашиот организам и да се подготвите за наредниот ден. Подлогата на која спиете може да биде извор на проблеми, несоница, неудобност, а со тоа и предизвикувач на телесни пречки како што се болки и вкочанетост во грбот, рамињата и вратот, како и намалена продуктивност, нервоза и хроничен умор.


Благодети на добриот сон

Забрзаното темпо на секојдневниот живот, потребата сѐ да завршиме на време, да бидеме успешни на работното место, но и да поминеме квалитетно време со партнерот, децата и пријателите, ни останува сѐ помалку време за одмор. Во таква ситуација многу е важно времето кое го поминуваме во спиење навистина да биде квалитетно, а сонот да биде мирен, длабок, опуштен и закрепнувачки. Сонот нас нѐ ревитализира, ја обновува енергијата, го поправа памтењето, прави да сме остроумни и полесно да се снаоѓаме во секојдневните ситуации. Добриот сон го зајакнува нашиот имунолошки систем и прави да сме здрави, одморени, задоволни и убави. Добриот сон навистина го унапредува животот и нѐ прави среќни и продуктивни луѓе.

Што повеќе сме во текот на денот изложени на стресни ситуации и физички и ментални предизвици и напори толку повеќе ни е потребен квалитетен сон да нѐ ревитализира, опорави и подготви за нови предизвици.

Во текот на сонот, активни се и за нас работат и хормоните. Така, на пример, во текот на сонот бројот на хормоните за растење се зголемува, што за растењето и развојот на децата и младите е посебно важно. Исто така, нивото на хормоните на стресот во текот на спиењето се смалува со што се смалува и ризикот од разни болести кои се предизвикани од стресот.


Спиење и учење

Постои цврста и јасна врска помеѓу сонот и учењето. Во текот на сонот, додека Вашето свесно се одмара и опушта, Вашата подсвест е многу вработена, премислува и учи. Значи, најдобар совет кој можете да го добиете на тема како да блескате на испитот или тестот е добро да се наспиете пред испит и да дозволите Вашиот главен сојузник – Вашиот мозок да ја заврши работата до крај и да го повтори и потврди сето она што вредно сте го училе до тогаш.


Beautysleep

Стареењето е процес кој не можеме да го запреме, но дефинитивно можеме да го забавиме. Додека спиеме ќелиите се регенерираат, мускулите на лицето се опуштаат, телот се одмара. „Beautysleep“ или сон кој разубавува, но и закрепнува сигурно е најдобар сојузник да бидеме здрави, долго да останеме млади и да ги намалиме знаците на стареење како на лицето, така и на телото.