За Шларафија

Шларафија ја основал Ѓорѓе Вукасовиќ 1934 година кога од Лајпцинг во Белград ја донесол технологијата за производство на јадра од жици и во дворот на семејната куќа на Чубура ја отворил првата занаетчиска работилница за произведување на душеци на овие простори.

На производството на душеци во Шларафија вредно работиме веќе 80 години. На нашите душеци сонот е здрав, удобен и закрепнувачки. Здравиот сон го зајакнува имунолошкиот систем, ги подобрува расположението, памтењето и кондицијата, го забавува процесот на стареење и нас нѐ прави посреќни и попродуктивни луѓе. Не е лесно да се направи таков душек – потребно е многу љубов, посветеност и занаетчиска вештина која постојано ја усовршуваме. Се гордееме со рачната изработка на нашите душеци, но и на тоа што во производството употребуваме само најквалитетни материјали.

Шларафија денес претставува модерна семејна фирма со која управува Дејан Капетановиќ, внукот на Ѓорѓе. Фирмата од дворот на Чубура се прошири речиси на цела Србија низ малопродажна мрежа на сопствени продавници и препорачени продавници кои продаваат квалитетна Шларафија опрема за спиење. Плановите за понатамошен развој се многу амбициозни и се насочени кон освојување на нови пазари.

Осумдесет години е долг временски период. Промените се неизбежни и добри. Сепак, во дворот на Чубура ништо не се менува. Секоја година, два пати годишно цвета дрвото магнолија, кое Ѓорѓе, основачот на фирмата го има засадено осумдесеттите години на минатиот век како симбол на љубовта на ова семејство кон работата, кон душеците кои ги произведуваат вредните раце на мајсторите на Шларафија, кон луѓето кои на тие душеци спијат, но и кон квалитетот кој се одржува и постојано подобрува.

Љубов кон душеците на кои најубаво се спие.