Најквалитетни материјали

Кога со голема љубов правите душеци на кои најубаво се спие, како што тоа го прави Шларафија веќе 80 години, тогаш за своите потрошувачи избирате само најдобри материјали. И на тоа не штедите.

Материјалите од кои се направени Шларафија душеците се од најдобар кавалитет: од рачно изработено Bonell јадро од жици, преку еластично термофиксираниот филц и влакна од кокос, па сѐ до различни видови на пени и покривки. Во нашите продавници изложени се примероци на материјали од кои се направени душеците. Иако разликата не може веднаш да се види со голо око, таа сигурно може да се почувствува. А кога, после само неколку ноќи кои сте ги преспиеле на Шларафија душекот, сфатите дека сте донеле вистинска одлука, чувството ќе биде уште подобро.

Секој Шларафија душек има гаранција од 15 години. Тоа се минимален број на години во текот на кои Ви гарантираме дека особините на душекот ќе останат непроменети. Се разбира, душекот може да се користи и потоа со години. Сепак, наш совет е после 15 до 20 години навистина да го промените Вашиот душек. Поквалитетно ќе спиете, ќе имате повеќе енергија и ќе се чувствувате многу подобро и полетно.

Шларафија избира материјали за Вас. Вредните и вешти раце направија душеци. На Вас е да се опуштите и навистина да се одморете.

Јадро од жици

Шларафија рачно изработеното јадро од жици го сочинуваат пружини од типот Bonell кои се прават од најквалитетени патентирани челични жици со дебелина од 2,2 mm и спирални спојки од патентирани челични жици со дебелина од 1,35 mm. Постојат неколку аргументи кои потврдуваат дека рачно направеното јадро од жици е поквалитетно од машински изработеното јадро. Густината на машински изработените пружини е 99 пружини по квадратен метар, додека рачно изработените Шларафија јадра имат дури 132 пружини на иста површина. Пружините кај рачно изработеното јадро дополнително се зајакнати со странични спојки така да една пружина никогаш сама не поднесува оптеретување, туку тежината ја пренесува и на соседните пружини и прави јадрото подолго да трае и истите особини да ги задржува долг период.

Одовде произлегува и гаранцијата од 15 години која Шларафија ја дава за непроменливост на својствата на јадрото за сите душеци со рачно изработени јадра од жици.

Благодарение на оваа технологија за изработка на јадрото од жици која потсетува на плетење во вид на тантела, Шларафија душеците може да се порачат во било која форма и во секоја големина.


Пресуван кокос

Пресуван кокос (кокос табла) е направен од кокосови влакна кои се поврзани со латексирано млеко (од калчуково дрво) и 100% е природен материјал. Тој се користи во производството на душеци со жичано јадро за изработка на заштитен слој на душекот кој, како што и самиот збор кажува, го штити јадрото и обезбедува подолг век на траење на душекот. Пресуван кокос е материјал кој одлично дише и исклучително е издржлив.



Пени

Пените кои Шларафија ги користи за производството на душеците со јадро од жици и за душеците од пена се неприкосновани по својот квалитет и кога станува збор за еластичноста, трајноста и проветливоста на пената немаат конкуренција.

Сите се произведени во „opencell“ технологија што значи дека овие пени имаат исклучителна способност на проветрување и одлични термички особини – влагата не се задржува во нив и пената е негостољубива за бактерии и грини.

Пените се разликуваат по густината и суровинскиот состав. И додека во најголем број душеци се користи полиуретанска пена (односно сунѓер) со густина од 25 kg/m³, во Шларафија се користат пени со густина од 35kg/m³ па сѐ до 65kg/m³. По составот постојат следните пени:

HR пена (high resilience foam)е полиуретанска пена со висока еластичност и долготајност, е произведена во „opencell“ технологија. Ваква подлога за спиење е пријатна затоа што овозможува одлични микроклиматски услови во текот на спиењето. Од сите пени, токму HR пената најбрзо се враќа во првобитната состојба после компресијата.

Латекс пената е произведена од каучук и 100% е природен материјал. Шларафија душеци се прават од најквалитетна сертифицирана латекс пена, која во целост е произведена од каучук со густина од 65 kg/m³ во „opencell“ технологијата, што зборува за одлични термички особини. Исто така, влагата не се задржува и пената е негостољубива за бактериите и грините. Оваа пена поседува извонредни физички својства: идеална молекуларна структура која наликува на мускулно ткиво на живи суштества која му дава извонреден однос на сила и прилагодливост. Впечатокот кој го имаат многу луѓе додека лежат на подлогите од латекс е „цврста мекост“. Овој впечаток е последица на физичкото растеретување на контактните точки со подлогата (таканаречени точки на оптеретување) во комбинација со адекватна подршка на `рбетниот столб. Резултат од спиењето на подлога од латекс пена е мирен, континуиран и опуштен сон.


Мемори пена

Мемориската пена или мемори пената е развиена во лабораториите на НАСА. По составот е полиуретанска еластична пена со густина од 65 kg/m³, изработена е во „opencell “ технологијата која обезбедува добра проветреност на материјалите, како и на душеците од овој вид на пена и ја спречува појавата на бактериите и грините. Главна особина на оваа пена е одлична прилагодливост на телото на оној што спие што како резултат дава врвна удобност.