Душеци со рачно изработено јадро

Душеците со рачно изработено јадро од жици се најчест избор на купувачите на Шларафија душекот, бидејќи обезбедуват сѐ она што душек со врвен квалитет треба да овозможи: здрав и закрепнувачки сон, долготрајност и удобност.

Рачно изработени душеци со јадро од жици се составени од: рачно изработено јадро од жици, заштитен слој и удобен слој.

Рачно изработено јадро од жици, односно пружини од жици од типот „Bonell“ се прават од најквалитетни патентирани челични жици. Пружините во Шларафија јадрото од жици имаат максимална густина со дополнителни странични спојки помеѓу пружините така да една пружина никогаш сама не поднесува оптеретување туку го пренесува на соседните пружини и прави јадрото долго да трае и да ги задржува истите особини долг период.

Рачно изработеното јадро има 35% повеќе пружини на истата површина отколку стандардното јадро. Со тоа се постигнува секоја пружина да поднесува помалку оптеретување отколку кај стандардното јадро, со тоа јадрото има подолг век на траење.

Слојот за удобност може да биде изработен од три типа пена. HR пена, латексна пена и мемориска пена. За удобниот слој е важно да е еластичен, долготраен и да „дише“ односно да пропушта воздух низ себе. Нашите материјали во овие три особини се оценети со највисоки оценки.

За време на 80-годишното работење и постојано усовршување, процесот на изработка на јадрото од жици го доведовме до совршенство и со сигурност можеме да кажеме дека Шларафија јадрото претставува вистинско ремек-дело и најквалитетно јадро на пазарот. Гаранцијата за непроменливоста на својствата на ова јадро е 15 години.

Рачно изработено јадро претставува срце на секој Шларафија рачно изработен душек и е идеална подлога за обложување со дополнителни материјали, кои во слоеви се редат, се поврзуваат (прво заштитните, а потоа удобните слоеви) и, на крајот, се затвараат со украсен раб на дводелната навлака која се вади. Заштитниот слој има улога да го заштити јадрото од абење, а исто така и да го заштити удобниот слој од кинење од страна на јадрото од жици. Квалитетот на овие материјали има посебно значење за долготрајноста на душекот. Заштитниот слој се состои од два основна елемента: термофиксиран филц и пресован кокос.

Овие слоеви прават секој Шларафија душек, освен што е долготраен, да биде и совршено удобен. А рачно направеното јадро прави душекот лесно да се проветрува и да „дише“. На овој начин Шларафија душеците претставуваат здрава постела која не е гостољубива за микроорганизмите (грини и бактерии) и не ја задржува влагата.

Сите душеци одговараат на важечкиот стандард според SCS D. E2. 103 и 103/1, потврден од JUAT акредититирана контролна организација според JUS ISO/IEC 17020