Пенести душеци

Шларафија душеци од пена се прават од латекс пена, мемориска пена и HR (high-resiliance) пена и по квалитетот на материјалите и по квалитетот на изработката претставуваат производи од врвен квалитет. Пените од кои вештите раце на Шларафините мајстори ги прават овие душеци се најдобри во класата: тие се значително погусти од пените кои вообичаено се користат во производството на душеците и се направени во „opencell“ технологија, што значи дека овие пени имаат исклучителна способност за вентилација, односно извонредно дишат, имаат и одлични термички особини – влагата не се задржува во нив, а пената е негостољубива за бактериите и грините.

Латексната пена, основниот материјал кој го сочинува душекот Latex и Koko Latex, се произведува од гума и 100% е природен материјал. Има извонредни физички својства: идеална молекуларна структура слична на мускулното ткиво на живите суштества, која му дава извонреден однос на сила и прилагодливост. Впечатокот кој повеќето луѓе го имаат додека лежат на подлогата од латекс е „цврста мекост“. Таквиот впечаток е последица на физичкото растеретување на контактните точки со подлогата (т. н. точка на оптеретување) во комбинација со адекватна поддршка на 'рбетниот столб. Резултат од спиењето на подлога од латекс пена е мирен, континуиран и релаксирачки сон.

Мемориската пена по составот е полиуретанска виско еластична пена. Лабораториите на НАСА оваа пена ја развивале со децении. Шларафија Memo Cell душекот е направен од врвни мемориски или виско еластични мемо пени кои обезбедуваат максимална пријатност која овој материјал може да ја пружи. Главната особина на оваа пена е одлична прилагодливост на телото на оној што спие што како резултат дава врвна удобност. Изработена е во „opencell“ технологија така да извонредно дише.

Сите душеци одговараат на важечкиот стандард според SCS D. E2. 103 и 103/1, потврден од JUAT акредитирана контролна организација според JUS ISO/IEC 17020.